Општествата нема да ги достигнат целите за одржлив развој без целосна вклученост на сите луѓе, вклучително и лицата со попреченост, беше посочено на регионалната коференција “Зајакнување на националните институции за човекови права како независни механизми за следење на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост“ што ја организираа Народнот правобранител и Обединетите нации во земјава. Претставници на националните институции за човекови права, лица со попреченост и организација на лица со попреченост, граѓански организации од Западниот Балкан и претставници од институции и организации од европските земји имаа одлична можност за размена на искуства, добри практики, предизвици, можности и иницијативи во однос на постоечките рамки за следење на Конвенцијата.

– Признавањето на правата на лицата со попреченост и нивната вклученост ќе придонесе за подобра иднина за сите. Напредок е постигнат во земјите од регионот, но уште многу треба да се направи за да се забрза вкчученоста на лицата со попреченост во одржливиот развој – рече Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите нации во нашата земја.

Целта на конференцијата е да поттикне конструктивен, отворен дијалог насочен кон акции за забрзување на одржливиот развој на Западниот Балкан, со правична и целосна вклученост, водени од меѓународните стандарди за човекови права и ветувањето од Агенда 2030 – Никој да не заостане.

– Има уште многу пат и многу предизвици на него, пред да може да зборуваме за целосна интеграција на лицата сои попреченост, согласно Конвенцијата, која е важна алатка што може да ни помогне во остварување на оваа цел. Во таа смисла, верувам дека оваа конференција ќе отвори многу дискусии и иницијативи како да се достигне посакуваниот развој – рече Народниот правобранител, Насер Зибери.

Фокусирајќи се на зајакнување на улогата и на соработката на институциите за човекови права во регионот, конференцијата цели кон инспирирање понатамошни активности од овие тела, организациите на лицата со попреченост и други државни и недржавни тела од регионот. Покрај потребата за поголема соработка, учесниците на конференцијата се согласија дека лекциите од дискусиите на конференцијата и разменетите добри практики ќе бидат вклучени во нивната работа во иднина, како и дека ќе продолжат да поддржуваат вклученост на независно следење на исполнувањето на човековите права низ регионот.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.