Со журка за загревање, вечерва во 21 часот во Музјеот на современата уметност во Скопје ќе биде најавен Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ што ќе се одржи од 15 до 22 август на повеќе локации во Скопје.
– Петок отсекогаш бил ден за корзо и добра журка. Протегнете ги нозете до МСУ и дојдете на игранка со диџеј Шурбе. Секој нека си го донесе шанкот од дома, а ние ќе се погрижиме за вода, ем ракија, вино и по некое пивце за живце. Да се загрееме за 15-ка и за копање емоции низ времето! – велат од „Македокс“.