Women about women е насловот на изложбата која од денеска до крајот на месецот е отворена во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ при Националната галерија на Македонија. Свои дела изложуваат 25 визуелни уметнички од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и од нашата земја. Македонската уметност ја претставуваат Марија Милошевска, Ана Лазаревска, Тања Балаќ, Христина Зафировска и Шќипе Мехмети. Од 10 јануари до сега изложбата беше поставена во Белград, Подгорица, Самобор и Ајдовчина. Изложбата е дел од проектот The Rise of women in culture in Western Balkan, поддржан од Европската Унија и се спроведува од Fenomena (Србија), Spes (Црна Гора), BeoArt Contemporary (Србија), Udruga Prizma (Хрватска), Сенсус (С. Македонија) и Локаријева галерија (Словенија).

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.