Второто полугодие ќе почне на 1 февруари

Почетокот на второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари, беше одлучено на втората седница на Владата која траеше до доцна во ноќта. Оваа одлука нема да влијае врз крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови.
– Одлуката ја донесовме во интерес на заштита на здравјето, во согчасност со епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата – истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Владата претходно доби препорака од Генералниот кризен штаб да се одложи почетокот на распустот и упати апел родителите да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот.

Фотографија: МОН

Сподели