Второ издание на Меѓународниот фестивал за современа музика во Штип

Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип вечерва во 19 часот концерт ќе одржат чешкиот кларинетист Карел Дохнал и нашата пијанистка Наташа Трбојевиќ. Со концертот почнува второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика што го организира Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Фестивалот предвидува концерти на познати музичари од различни држави и мастеркласови кои уметниците ќе ги одржат за студентите од Музичката академија.

Утревечер настапува реномираната флејтистка од Србија, Ангела Братиќ, со пијанистката Наташа Трбојевиќ. На 29 мај ќе нстапи турската пијанистка Ширин Акбулут Демири заедно со нашата позната пијанистка Милица Шкариќ. Терминот на 3 јуни е резервиран за најдобрите студенти од Музичката академија. Сите настапи ќе се одржат во Уметничката галерија „Безистен“ од 19 часот.

Сподели