Сребрен медал за Лука Хаџи Јорданов и пофалница за Христина Митревска на Меѓународен студентски натпревар по математика

Четворица студенти од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, учествуваа на 30. Меѓународен студентски натпревар по математика во Благоевград, Бугарија, во органзација на University college of London. На овој натпревар екипата која го претставуваше Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје беше во состав на: Марија Стојковска, Лука Хаџи Јорданов, Дамјан Георгиевски и Христина Митреска, а водач на екипата беше Ерблина Зеќири, сите од Институтот за математика.

Во услови на силна конуренција, Лука Хаџи Јорданов освои сребрен медал, а Христина Митреска – пофалница, велат од Институтот.

Студентите на 3 и 4 август решаваа задачи од неколку математички области: реална и комплексна анализа, алгебра, геoметрија и комбинаторика.

Сподели