Во кафе-барот на Филхармонијата во Скопје вечерва во 20 часот свечено ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2021 година. Наградата ја доби Симона Јованоска за „Денот на црвот“, издание на „Или-Или“ во едицијата „ПроАза“.
Во конкуренција за наградата беа 39 дела. „Роман на годината“ ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.