Воздишки, изненадувања, креации на првиот ден на Саемот на креативни индустрии (галерија)

Неколку стотици ученици, студенти, родители со деца, случајни минувачи вчера на првиот ден на Саемот на креативни индустрии пред „Синеплекс“ уживаа во иновациите и делата на македонски креатори. Како се доближува науката до децата, иновативни книги, роботи, рачно направен накит, како се црта стрип или пак, снима ангажирано видео, ова беа дел од работилниците што беа организирани од страна на УМПАКИ – Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии, во соработка со „Скопје сити мол“.

Саемот продолжува и денес во 19 часот.

Ви споделуваме дел од атмосферата на првиот ден.

Сподели