Наградата од 30.000 денари за ученици талентирани за наука доделува Платформата „Наука за деца“ во соработка со проф. д-р Венка Симовска. Наградата се востановува за првпат и ја најавува Втората научна конференција за деца на „Наука за деца“, која ќе се одржи на 7 октомври. Наградата е посветена на Иван Ќостаров, македонски научник кој долги години живееле во Данска. Наградата се доделува за љубов кон науката, оригиналност и свесност како науката може да придонесе за личен и општествен развој.
За наградата може да конкурираат сите ученици и ученички од 6 до 9 одделение во основните училишта низ државата, кои имаат научен потенцијал и се обидуваат да го зголемат. Како учениците да се пријават за награда?
– Треба да сте ученик/ученичка од 6 до 9 одделение во основно училиште во државата. Во најмногу пет точки да ни кажете што сакате во науката, зошто и како мислите дека таа може да придонесе за личен или за развој на општеството и да ни кажете за што би ги употребиле средствата од наградата и зошто ви е важно тоа – велат од „Наука за деца“.
Како платформа за научна култура и ментална фискултура на најмладите, „Наука за деца“ преку оваа награда ќе финансира опрема за експерименти и други научни проекти, учество на обуки и курсеви, би покриле трошоци за меѓународни натпревари…
– Со други зборови, тоа што вие сметате дека ќе има големо значење за развој на вашиот личен научен потенцијал. Парите ќе можат да се искористат за покривање на овие трошоци еднократно или за повеќе намени, но задолжително во текот на една година од денот на доделувањето на наградата – велат од „Наука за деца“.
Повикот за наградата „Иван Ќостаров“ е веќе отворен и ќе трае до 1 октомври. Стручно жири составено од научниците што стојат зад „Наука за деца“ ќе ги оценува апликациите, а одлуката за доделување на наградата ќе биде соопштена на 7 октомври, за време на Втората научна конференција за деца.
Наградата го носи името на Иван Ќостаров, роден во Скопје во 1955 година, а починал во Копенхаген, Данска, во 2019. Иван имал само 14 години кога љубопитноста го инспирирала да замине од дома за да учи во славната математичка гимназија во Белград. По професија бил електроинженер и софтвер-архитект, кој долги години живеел во Данска. Тој е и човекот кој заедно со уште неколкумина го составил од нула првиот компјутер во Македонија. Имал бројни и разновидни интереси, но особено бил ентузијастичен кон природните науки. Сакал математика, логика, компјутерски науки, астрономија, астрофизика, генетика и сонувал еден ден да патува во вселената.
– Сонот не го остварил, но затоа е тука оваа награда во негова чест, која се надеваме дека ќе им помогне на многу деца да чекорат полесно кон остварување на своите научно-љубопитни соништа – велат од „Наука за деца“.
Сите заинтересирани за наградата може да се пријават на





