Во рамките на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ денеска во 18 часот во театарот во Прилеп, Кумановскиот театар ќе ја изведе претставата „Вообразен болен“ од Жан Батист Молиер, во режија на Драгана Гунин. Играат: Александра Михајловска, Мирослав Петковиќ, Владанка Димковска, Ангела Стојановска, Давид Илиќ, Марко Трајковиќ, Нина Максимова и Жарко Јовановиќ.
Сценографијата е на Ива Димовска, костимографијата – на Ивана Цветковска, музиката – на Гала Насева, а драматургијата на Сашо Костовски.

Сцена од „Вообразен болен“ на Кумановски театар

Во 21 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде изведена „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ, во продукција на Драмски театар од Скопје. Претставата е колаж од расказите на Бужаровска и авторски монолози. Драматизацијата е на Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова-Петровска. Костимограф е Роза Трајчевска-Ристоска, а сценограф – Костантин Трпеноски. Играат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.

Насловна фотографија: „Мојот маж“ на Драмски театар

Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.