Воениот оркестар на Армијата на Македонија ги отвора „Деновите на македонската музика“

Со концерт на Воениот оркестар на Армијата на Македонија, во Филхармонијата вечерва во 20 часот ќе почне манифетсацијата „Денови на македонската музика 2024“. Диригент е Горан Илијевски. Ќе бидат изведени: „Илинденски маршеви (верзија 2013) од Благој Цанев (1937-2020), „Под сонцето“ (2022) од Горан Илијевски (1978), Скопје ’69 (2016) од Живојин Глишиќ (1954), Парада на хероите (2024) од Михајло Штерјев (1985), Свечен херојски танец (верзија 2013) од Томе Манчев (1950-2020), Музика за празник (2013) од Илија Илиевски (1939-2018) и „Суита бр.2 за воен оркестар (1911) од Густав Холст (1874-1934).

Влезот на концертото е бесплатен. Манифестатцијата ја организира Сојузот на компоситорите на Македонија.

Сподели