Повикот за категоријата „Проекти за соработка“ на програмата Креативна Европа (Култура) и Повикот за категоријата „Циркулација на европски книжевни дела“ ќе бидат презентирани денеска во 11.30 часот во Музејот на македонската борба. Повиците ќе ги претстави Билјана Прентоска, од одделението Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Култура при Министерството за култура.
На настанот ќе бидат споделени и искуствата на неколку успешни проекти, како што е Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“ – Скопје со проектот: „Музиката поврзува: Рок музиката поттикнува инклузија низ Европа“ и „Бата пресс милениум“ и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка“.
Сите заинтересирани на настанот ќе можат да направат и индивидуални консултации.
Серијата информативни сесии продолжува уште во четири градови и тоа: на 25 јануари во Велес, на 26 јануари во Tетово и Гостивар, а на 27 јануари ќе биде организиран информативен настан во Штип.
Организатори на информативните сесии се Министерството за култура (Одделение за Креативна Европа на ЕУ-потпрограма Култура) во соработка со Музејот на македонската борба, Театарот „Јордан Х.К.Џинот“-Велес, Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“-Тетово, Центарот за култура „АСНОМ“-Гостивар и Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, како и корисниците на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“: Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“, „Бата прес милениум” Д.О.О. и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка” од Скопје.





