„Во постојано движење“ е насловот на завршната групна изложба од програмата „Артс хаб“ што ќе се одржи денеска од 12 до 22 часот во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Ќе бидат претставени петте колаборативни и партиципативни пректи на повеќе автори. Настанот почнува напладне со мал хепенинг во кој Никола Узуновски ќе подготвува храна користејќи го методот на соларна кујна, а изложбата ќе може да се погледне во текот на целиот ден.
Ќе бидат изложени проектите:
– „Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје“ на Озбек Ајваз.
– „Вештини за оживување“ на Клелија Живковиќ.
– „Одржливи заедници“ на Никола Узуновски.
– „Драгославија“ на Тодор Трпевски, Дарио Дончевски и Зорица Зафировска.
– „Кадри на ранливост“ на Наташа Неделкова, Миле Неделков и Амир Карахасан.