Во „Орце Николов“ поставен лифт за учениците со попреченост

Во скопската гимназија „Орце Николов“ учебната година почна со нов лифт за учениците со попреченост. Од школото велат дека инклузивното образование ги зема предвид индивидуалните потреби за развој на учениците, давајќи еднакви можности за остварување на човековите права и потреби.
– Во нашата гимназија инсталиравме современ лифт по ISO стандарди за лица со посебни потреби. Ова е уште една причина да бидеме и едно од ретките училишта кои и инфраструктурно ги задоволуваат условите за сите ученици – велат од гимназијата.

Фото: СУГС „Орце Николов“

Сподели