Долгометражен документарен филм во знак на одбележувањето на 75 години постоење на „Вардар филм“ ќе се снима во продукција на „Галактика пикчрс“, а во режија на проф. Владимир Блажевски, најавуваат од „Вардар филм“.

Во документарниот филм „75 години Вардар филм“ е предвидено да се направи ретроспектива, но и комбинација на минатото и сегашноста на „Вардар филм“, односно почетоците и развивањето на македонската кинематографија, па сè до денешниот концепт на „Вардар филм“ како модерен филмски центар. Снимањата се предвидени да почнат во првото тримесечје. Се планира снимањето да заврши кон крајот на 2022 година, кога ќе се случи и премиерата, најавува Сани Саиди, директор на „Вардар филм“.

ВАРДАР ФИЛМ ЌЕ ГО ВРАТИ СЈАЈОТ НА СТАРИТЕ ДОБРИ ВРЕМИЊА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ САНИ САИДИ

Овој филмски проект е дел од иницијативата за оживување и враќање на сјајот на „Вардар филм“, но и многу значаен за зачувување на нашата богата кинематографска историја и култура, вели Саиди.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.