Владимир Ангелов е нов директор на Агенцијата за филм

Филмологот Владимир Ангелов, досегашен директор на Кинотеката, е нов директор на Агенцијата за филм. Ова вчера одлучи Владата. Пред ова назначување, Ангелов седум години ја водешеКинотеката на Македонија, а на новата функција доаѓа откако му заврши мандатот на директорот, Бојан Лазаревски.

По дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1992, кратко време работел како продуцент во „Вардар филм“. Во Кинотеката работи од 1995 до денес.

На почетокот на кариерата работи на рекогнисцирање и реставрација на македонскиот филмски фонд снимен во период од 1948 до 1953 Врз основа на елаборатот за заштита на овој фонд, Кинотеката на Македонија ги изработува заштитните филмски копии на овие филмови. Работи на проекти на аналогна и дигитална реставрација на македонски филмови како активност на Кинотеката.

Од 1997 година соработува со „Кинопис“ и објавува околу триесетина текстови. Исто така соработува со Македонската академија на науките на проектот „Фотографијата и филмот на почвата на Македонија“ (дел од проектот Историја на макрокултурата во Македонија).

Сподели