До 50 отсто публика во затворени простории дозволи Владата на претстави и изведби во театри, киносали, Филхармонија и други настани по предлог на Комисијата за заразни болести. Со тоа се зголемува досегашниот процест од 30 отсто исполнетост на салите, заклучи Владата на 112. седница.
– Се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување на ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките – соопшти Владата.
Фото: Маја Аргакијева/ Филхармонија