Без маски ќе се одвива наставата во основните училишта, освен учениците кои по своја волја сакаат да продолжат да носат маски, одлучи Владата на денешната седница. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски. На факултетите почнува настава со физичко присуство, со почитување на препорачаните мерки за заштита од ковид-19.

– Задолжително е носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата – пишува во соопштението на Владата.

Одлучено е да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор најмногу до 75 отсто, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани – театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично. Укината е мерката за задолжително поседување сертификат за вакцинација против ковид-19 или потврда за прележана болест во последните 180 дена (сметајќи од денот на оздравувањето) за посета на угостителски објекти на отворено. За затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

Фото: Архива на МОН

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.