„Вкуси ја Франција“ во Градскиот парк во Скопје

Под наслов „Вкуси ја Франција“ денеска во 12 часот на Школка во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи гастрономски настан. Производите ќе се продаваат по симболични цени, а винарската визба „Тиквеш“ ќе понуди дегустација на нивните вина. Настанот е од отворен карактер, а целта е да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети симболични за Франција.

За музичкиот амбиент со француска музика ќе се погрижат пејачката Мијата и диџеј Зоки Бејбе.

Сподели