Почна процесот за подготовка на Закон за основање Факултет за медицински науки и здравство во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Информацијата вчера беше објавена на ЕНЕР системот.
– Со овој закон се основа високообразовна установа Факултет за медицински науки и здравство, како единица во состав на УКЛО. Факултетот е правен наследник на „Високата медицинска школа“ при Универзитетот. Факултетот ќе врши високообразовна дејност од областа на медицината и здравството на ниво на додипломски, постдипломски, специјалистички, субспецијалистички и докторски студии, како и научно-истражувачка и применувачка дејност – пишува на ЕНЕР.
Временската рамка за изготвување на предлог-законот е до 15 февруари.
Насловна фотографија / Извор: Културно-информативен центар Битола





