Претставата „Вишновата градина“ од Чехов, во режија на Владимир Милчин ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија во Скопје, во рамките на програмата на фестивалот Млад отворен театар. Станува збор за драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на општеството и цивилизацијата.

-Алчноста на новозбогатените криминалци безмилосно го уништува човештвото уништувајќи ја неговата колевка, Земјата, уништувајќи ја природата и сè што живее во неа. Она што вџашува е немоќта на луѓето да се противстават, да ја одбранат културата и природата, да ги одбранат вредностите на цивилизацијата пред новите варвари. Прогресот не е гарантиран. Тркалото на историјата стигна до пролетерската револуција, но од неа се изроди новата класа манипулатори чија алчност не знае за граници. „Вишновата градина“ е сценска минијатура во најубавото значење на зборот, во нејзините камерни димензии се содржи трагедијата на светот во кој живееме – вели режисерот Милчин.

Улогите ги толкуваат: Бедија Беговска, Емине Халил, Несрин Таир, Елјеса Касо, Џенап Самет, Селпин Керим, Неат Али, Сузан Акбелге, Осман Али, Слаѓана Вујошевиќ, Зиба Радончиќ, Хакан Даци и Ерман Шабан.

Сценографијата е на Крсте С. Џидров, а сценографијата – на Марија Пупучевска.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.