Љубителите на археологијата можат да направат виртуелна прошетка низ археолошкиот локалитет Кукул-Баба, Прилепско. Локалитетот се наоѓа на доминантен рид на планинатата Бабуна. Највисокото израмнето плато идентификувано како акрополис е лоцирано западно од карпестиот врв познат како Баба. Населбата се наоѓала во најбезбедната зона обиколена со импресивни геоморфолошки структури. Пронајдоците на акрополата датираат од доцниот класичен и раниот хеленистички период, но има остатоци од доцноримскиот и средновековниот период.

На локалитетот меѓу 2005 и 2011 година истражувале археолозите Александар Миткоски и Душко Темелкоски, кустоси советници во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Прилеп, а лани ископувањата ги продолжил д-р Христијан Талевски, археолог од Институтот за старословенска култура во Прилеп. Изработката на 3Д мапа од локалитетот е проект финансиран од Министерството за култура.

Виртуелната тура проследете ја ТУКА.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.