Александар Иванов, прв виолинист дипломец на „Џулијард“ од Македонија

Еден од најнадежните македонски виолинисти, Александар Иванов запиша мастерс студии на „Џулијард“ во Њујорк, една од најпрестижните музички школи во светот. Тој завчера дипломираше на престижната школа како прв виолинист од Македонија. Иванов доби стипендија од „Џулијард“.

Самиот виолинист вели:
– На „Џулијард“ нема прошка ако не сте на нивото кое се бара од вас. Ова е место каде што учат исклучително талентирани студенти, така што натпреварот е многу силен не само со останатите туку и самиот со себе.

Иванов замина во Њујорк во 2019 година, откако Владата го дополни правилникот за поддршка на студенти кои добиле стипендија на врвни светски универзитети. Дотогаш беа поддржувани само студенти што се запишале на некој од првите 100 универзитети на Шангајската листа, а врвните школи од областа на уметностите не се рангираат според оваа листа.

Сподели