Виолинистот Александар Иванов, магистер на „Џилијард“, ќе одржи семинар за студентите на ФМУ

Виолинистот Александар Иванов, кој неодамна магистрираше на престижниот факултет за музика „Џулијард“ во Њујорк, денес (од 10 часот во кабинет бр. 6, прв кат) и утре ќе одржи семинар за студентите од Одделот за жичани инструменти при Факултетот за музичка уметност во Скопје. Иванов неодамна магистрираше на „Џулијард“ и е прв виолинист од Македонија што дипломирал на престижниот американски факултет.

– Чест ни е што повторно имаме можност нашите сегашни ученици да се дружат и да учат од наш успешен поранешен ученик кој несебично ќе им ги пренесе тајните на свирење на инструментот виолина – велат од ФМУ.

– На „Џулијард“ нема прошка ако не сте на нивото кое се бара од вас. Ова е место каде што учат исклучително талентирани студенти, така што натпреварот е многу силен, не само со останатите, туку и самиот со себе – изјави Иванов за Умно.мк.

Тој замина во Њујорк во 2019 година, откако Владата го дополни правилникот за поддршка на студенти кои добиле стипендија на врвни светски универзитети. Дотогаш беа поддржувани само студенти што се запишале на некој од првите 100 универзитети на Шангајската листа, а врвните школи од областа на уметностите не се рангираат според оваа листа.

Сподели