Вим Вендерс го доби „Почесното срце на Сараево“

Еден од најзначајните филмски автори на денешницата ја прими наградата „Почесно срце на Сараево“ во знак на извонредниот придонес кон развојот на филмската уметност.

– Пресреќни сме што можеме дa ù оддадеме признание на една од централните личности на светската кинематографија. Со својата работа во областа на визуелните уметности, како извонреден филмски автор и фотограф, Вим Вендерс на публиката секогаш ù носи незаборавни приказни и емоции“ – рече Мирсад Пуриватра, директор на фестивалот.

За утре во рамките на фестивалот, Вeндерс ќе одржи мастер-клас вo Народното позориште во Сараево во 15.30 часот. Фестивалт организира и програма „Посветено на“, со ретроспектива на одбрани филмови на Вендерс.

Вендерс му се враќа на Сараевскиот фестивал по десет години од неговата последна посета во 2011 година. Тогаш го претстави своето револуционерно 3Д филмско остварување „Пина“ – долгометражен документарен омаж посветен на легендарната кореографка Пина Бауш“, што беше номиниран за „Оскар“.

Вендерс меѓународното признание го стекна во текот на 70-тите години како еден од пионерите на новиот германски филм и важи за еден од најважните автори во историјата на кинематографијата.

Македонската кинематографија со неколку дела е застапена на 27. издание на фестивалот.

Краткиот филм „Solo mode“ на Тамара Котевска ќе има премиера на 17 август, а „Северен Пол“ и „Стела“ се дел од програмата „Teenarena“.

Сподели