Отворена археолошката изложба во Будимпешта каде има и предмети од Македонија

Во Унгарскиот национален музеј во Будимпешта отворена е изложбата „Атила“ (Attila. Horizons of Memory) во чии рамки се изложени и доцноантички предмети пронајдени во Македонија. Застапени се 400 артефакти од 64 музеи од 13 земји.

На отворањето на изложбата се обратија Балаш Ханко, министер за култура и иновации, Јанош Наѓ, државен секретар, д-р Габор Жигмонд, претседател на Центарот за јавни колекции на Унгарскиот национален музеј и Султан Раев, генерален секретар на ТУРКСОЈ. Меѓу присутните беа шефови на дипломатски мисии, државни секретари и заменик-државни секретари, генерални директори на музеи, бројни историчари и стручњаци. Меѓу специјалните гости беше и Тибор Капу, вториот унгарски истражувачки астронаут. На свеченото отворање присуствуваа и претставници од Националниот археолошки музеј од Скопје и од Управата за заштита на културното наследство.

На изложбата се претставени наоди од богатиот гроб пронајден во Таранеш, Дебарско. Изложбата ќе биде отворена за јавност до 31 јули. Потоа предметите ќе бидат вратени дома.

Повеќе информации за изложбата на линкот.

Сподели