Дамјан Давков е еден од младите умови што Cosmic Development ги препозна преку порталот umno.mk кој има за цел да ги афирмира и поддржи младите таленти во Македонија.
Водечката интернационална ИТ компанија Cosmic Development е особено горда на поддршката што може да му ја даде на Дамјан Давков, еден од најперспективните млади математички умови во Македонија. Тој бележи глобални успеси во својата област. Во текот на 2024 година, Cosmic Development обезбеди поддршка која значително придонесе за неговиот успех на меѓународната сцена. Ова партнерство е дел од стратегијата на компанијата за поддршка на извонредноста и иновациите во заедницата. Преку инвестирање во талентирани млади луѓе како Дамјан, Cosmic Development ја потенцира важноста на знаењето и образованието како темели за иднината.

Дамјан Давков е еден од младите умови што компанијата ги препозна преку порталот umno.mk кој има за цел да ги афирмира и поддржи младите таленти во Македонија. Овој проект е уште една од активностите преку кои Cosmic Development директно вложува во младите генерации и ги истакнува оние кои го движат општеството напред. Од успесите на Дамјан годинава ги издвојуваме: златниот медал на Светската олимпијада по математика – Бат, Англија, сребрен медал на 41. Балканска математичка олимпијада во Варна, Бугарија, сребрениот медал на Светската олимпијада по информатика – Александрија, Египет, сребрениот медал на 31. Балканска олимпијада по информатика – Охрид, златниот медал на 5. Меморијален математички натпревар „Александар Блажевски-Цане“ – ПМФ, Скопје и др.

Ентони Наумоф и Дамјан Давков
Деновиве, Ентони Наумоф, генерален директор на Cosmic Development, оствари средба со Дамјан на појадок кој специјално за него го организираше комапнијата во „Јавна соба“ во Скопје. Разговорот опфати теми поврзани со математиката, иновациите и личниот развој. Како симболичен чин на поддршка, Наумоф му подари инспиративна книга на Дамјан – поттик за неговиот понатамошен раст и успех.
– Дамјан е доказ дека талентот нема граници. Поддршката што ја обезбедуваме не е само финансиска – таа е знак дека веруваме во неговата визија и во иднината што ја гради со своето знаење. Сакаме да бидеме дел од таа приказна – истакна Наумоф.
Со ова партнерство, Cosmic Development продолжува да ја демонстрира својата посветеност кон поддршката на заедницата преку инвестирање во младите таленти. Компанијата ќе продолжи да го следи развојот на Дамјан Давков и ќе остане негов партнер на патот кон нови успеси.

Cosmic Development е водечка интернационална ИТ компанија посветена на поддршка на извонредноста и иновациите во заедниците каде што делува. Преку своите проекти и партнерства, компанијата поттикнува позитивни промени во општеството и создава можности за развој на индивидуалниот и колективниот потенцијал.






