Самоводечка, велосипедска прошетка по не толку познатите музеи и културни локалитети во Скопје ќе се реализира в сабота. Секој учесник ќе има можност со помош на мапа, напатствија за движење и описи за локалитетите и музеите да посети и открива места за кои не секој знае каде се или што се. Рутата ја организира „Одржливи иницијативи“.

Ќе бидат организирани две рути:

1. Низ централното градско подрачје, во должина од околу 5 км, во која ќе се посетат: Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружје за време на НОВ 1941-1944 во Скопје; Куќата на Лазар Личеноски (од надвор); Музејот на МНТ; Музејот на Старата скопска чаршија; и гранатата. За оваа рута доволен ви е обичен, каков било велосипед со катанец за заклучување. Рутата е претежно по велосипедски патеки, но има и мал дел каде се вози по нефреквентни улици.

2. Низ периферијата на Скопје, во должина од околу 35 км, во која ќе се посетат: Скупи, Римскиот аквадукт, Дендро паркот и Ботаничката градина. За оваа рута потребен ви е добар велосипед, пожелно да е планински, бидејќи има делови каде се вози по земја. Рутата е претежно по велосипедски патишта, но има делови каде се вози по улица, а и точки каде се преминуваат прометни улици.

Двете рути се со строго ограничен број на учесници, заради ограничениот капацитет на музеите, но и заради практикување анти-корона мерки.

На промотивната прошетка покрај употребата на напатствијата ќе биде присутен и туристички водич на велосипед, односно редар.

Учесниците потребно е да:

– имаат исправен велосипед со катанец за заклучување;

– да имаат потврда за вакцина или потврда за неодамна прележан ковид-19, или потврда од тест дека немаат ковид-19;

– да имаат со себе маска или марама за покривање на устата и носот при влез во објектите;

– да ја инсталираат апликацијата izi.travel;

– да понесат лично шише со вода за пиење;

– поради времетраењето, може да понесат и лична ужинка.

Сите заинтересирани треба да се пријават со праќање на порака преку фејсбук или на [email protected] Тие што не можат да присуствуваат оваа сабота на настанот ќе може да ги посетат музеите и локалитетите индивидуално со употреба на напатствијата и апликацијата кои ќе бидат достапни и бесплатни за јавноста по овој настан. Ова е можност учесниците да ги посетат музеите кои вообичаено не се отворени за викенд. Проектот „Скриените музеи на Скопје“ е спроведуван со поддршка од Музеј на Град Скопје, а финансиски е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.