Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ ќе гостува со  театарската инсталација за еден гледач „Херои 04:33“ на фестивалот „На крстопат“ во Ниш. Претставата ќе биде изведена на 9 и 10 септември. Автори на проектот се Сашо Димоски, текст и драматургија, Деан Дамјановски – режија, Елена Вангеловска – костимографија, Раде Василев – изведба на костими, Филип Коруновски – сценографија и промотивен материјал, Сашко Костов – композитор, Данчо Стефков – видеодизајн на инсталацијата. Улогите ги толкуваат актерите: Васил Зафирчев, Исидор Јовановски и Кети Борисовска.

Инсталацијата, оценета од критиката како „единствената македонска театарска продукција која остро му се спротивставува со мигот во кој живееме и решително полемизира со своето време и со сето она што вообичаено се нарекува контекст“, вели театрологот Јелена Лужина.

Претставата имаше премиера во декември 2020 година.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.