Претставата „Едвард Втори”, според Кристофер Марлоу, режија на Андриј Жолдак и драматургија на Сашо Димоски, копродукција меѓу Велешкиот театар и Драмскиот театар од Пловдив, селектирана е во официјалната селекција на фестивалот МЕС, Сараево, БиХ. МЕСС е најстариот театарски фестивал во Југоисточна Европа, основан во 1960 година и уште од своите зачетоци е иноваторски, ризикувајќи и вложувајќи во најхрабрите уметнички проекти. Ова е прво учество на Велешкиот театар на овој значаен фестивал.
На фестивалот досега учествувале имиња како Питер Брук, Роберт Вилсон, Еуџенио Барба, Оскарас Коршуновас, Франк Касторф, Томас Остермаер, Силвиу Пуркарете, Јиржи Менцл, Ромео Кастелучи, Кејти Мичел и други знаменити режисери од сиот свет.
Претставата „Едвард Втори” ќе биде изведена на сцената на Народно позориште Сараево на 6 октомври.