„Вечера за глупаци“ на Велешкиот театар го отвори 61. издание на ДАФ

Претставата на Велешкиот театар „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер во режија на Ненад Витанов синоќа го отвори 61. издание на Драмскиот аматерски фестивал во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Настапија Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Сандра Танчева, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Кире Ацевски и Јордан Витанов.

До сабота (25 мај) ќе бидат изведени 16 претстави. Денеска на репертоарот се „Валентајн, не благодарам“, на „Прва проба“ од Скопје, во 12 часот, „Крај на играта“ на Театар „Чекори“ (19 часот) и „Дали е во ред?!“ на КУД „Гоце Делчев“ од Босилово (21 часот).

Повеќе информации на линкот.

Фото: ДАФ

Сподели