Вечер на поезијата ќе се одржи вечерва во 18 часот во холот на скопската гимназија „Орце Николов“. По повод 21 Март, Светскиот ден на поезијата, ученици ќе читаат поезија, а ќе има мини-изложба со најдобри цртежи од средношколците.

Гости на настанот се Ана Голејшка-Џикова, Билјана Стојановска, Владимир Мартиновски, Јулијана Величковска и Никола Маџиров. Организатори се професорката по македонски јазик и литература, Драгица Јанкуловска и учениците Емрах Јусуфоски, Јована Стаматовска, Деспина Стојмировска и Карло Јовановски.

Фотографија: СУГС „Орце Николов“/генерална проба

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.