Вебинар за едукатори за безбедност на интернет

Прв ЕДУЛАБ-вебинар на тема „Тренинг за сајбербезбедност за едукатори“ ќе се одржи денеска во 18 часот на зум-платформата. Вебинарот го организиара СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, со цел да се зголеми безбедноста на интернет. Тренингот првенствено е наменет за еудкаторите и стручните соработници, но преку дополнителните ресурси понудени во рамки на модулите на овој курс, знењата и вештините индиректно се пренесуваат и до учениците, а преку нив и до родителите. Опфаќањето на важниот и често посочуваниот комуникациски триаголник: наставник-ученик-родител го прави курсот релевантен и сестран. Предавач ќе биде Марко Палоски.

– Поттикнати од постојаните предизвици при адаптирање на новите интернет трендови со кои се соочуваат едукаторите, СмартАП – Лабораторија за социјални иновации го креираше првиот „Тренинг за сајбербезбедност за едукатори“. Едукацијата за безбедност на интернет претставува континуиран процес на учење и надградување. Подготвен од одбрана група експерти во областа, новиот „Тренинг за сајбер безбедност на едукатори“ е кериран со цел да се создадат системски решенија и механизми за справување со интернет заканите.

Основите на интернет безбедноста, нејзините принципи и видови измами, начини за справување со нив, како и создавањето, управувањето и одржувањето безбеден интернет идентитет и безбедното споделување информации и фотографии на интернет, се соржините што ќе бидат опфатени на овој ЕдуЛаб-вебинар.

Учеството на вебинарот е бесплатно, со задолжителна регистрација преку следниот ЛИНК. Работниот јазик на овој вебинар е македонски, со симултано толкување на албански јазик.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Тренинг за сајбербезбедност за едукатори”, имплементиран со поддршка на Амбасадата на САД.

Сподели