Поетесата и преведувачка Валентина Бакти од Србија на книжевна резиденција во Скопје

Валентина Бакти, поетеса, преведувачка, актерка и фотографка од Србија престојува во Скопје на книжева резиденција. Во текот на својот престој во Скопје, таа ќе работи на преводот на расказите на Иван Шопов на српски јазик. Исто така, ќе подготви изложба на колажни фотографии придружени со поезија, како и неколку кратки филмови на тема Скопје, чија премиера ќе се одржи на вториот Фестивал на поезијата во Скопје.

Прва двојазична книга поезија на Бакти, „Помеѓу“, ја објави издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, а втората, „Да се скршат коските“, издавачката куќа „Дибидус“ од Белград. Бахти е една од организаторите на Скопскиот поетски фестивал, а ги уредува и списанијата за книжевност и култура astronaut.ba и bludnistih.com. Авторка е на кратки поетски филмови што ги има изработено во соработка со Ѓоко Здравески и Владимир Лукаш.

Резиденцијалниот престој на Валентина Бакти во Скопје е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, а резиденцијалната програма ја организира на издавачката куќа „Готен“.

Сподели