Утре е бесплатен влез во Археолошкиот музеј во Скопје

Секоја прва сабота во месецот е бесплатен влезот во Археолошкиот музеј во Скопје. Искористете го денот и наушете нешто за макеоднското културно наследство и за нашите предци. Постојаната поставка е поделена на: предсториска, античка и археологија на среден век и на средновековен и османлиски период. Ќе ги видите и одделенијата за нумизматика, епиграфска и камена пластика, антропологија и археолзоологија.

Археолошкиот музеј презентира движно културно наследство, поточно околу 7.000 археолошки предмети откривани со археолошки истражувања на целата територија на државата уште од 1924 година, а со тоа овој музеј претставува најзначајна и најстара музејска установа во Македонија.

Голем број од предметите кои се дел од оваа институција се ексклузивни во светски размери. Постоечките закони за култура и заштита на културно наследство го регистрираат најголемиот дел на овој фонд како културно наследство од особено значење.

Сподели