Светскиот ученички куп (The World Scholar’s Cup) е меѓународна тимска академска програма за ученици од над 65 земји. Целта на овој натпревар е да ги охрабри учениците да учат надвор од рамките на типичната наставна програма и да им овозможи на ученици од различни култури да дискутираат прашања и идеи поврзани со денешницата. Се работи за натпревар што се одржува во забавна и инспиративна атмосфера и е одлична можност за учениците да ги развиваат своите вештини за критичко размислување во однос на годинешната тема – „Возобновен свет“ (A World Renewed).

Два тима го надминаа прагот на поени на глобалната рунда и директно се квалификуваа на последниот круг од натпреварот, Турнирот на шампиони, што ќе се одржи на Универзитетот Јејл во ноември 2022. Уште три тима обезбедија дополнителна квалификација за тој натпревар.

Никола Ѓелинчески освои награда наставник на годината на светско ниво. Македонската делегација на овој престижен натпревар ја сочинуваа 10 ученици од ПСУ „Јахја Кемал“, тројца ученици од ООУ „Ј.Х.Песталоци“ – Скопје и двајца ученици од локално училиште во Дубаи, кои во конкуренција од 23 земји, ги бранеа државните бои на Светскиот куп.

Тимовите се натпреваруваат во четири главни настани: индивидуален тест по општи знаења, пишување во тимови, дебатирање во тимови и квиз во тимови. Покрај четирите главни настани, се одржуваат и социјални и академски активности од ненатпреварувачки карактер со цел да се постигне пријателска атмосфера помеѓу учесниците.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.