Уште еден преполн амфитеатар на Хемискиот спектакл на ПМФ

Во полн амфитеар со ученици и љубители на науката, хемичарите од Природно-математичкиот факултет од Скопје вчера одржаа уште еден хемиски спектакл. Смеење и опуштена атмосфера се редовен амбиент на овие собири. Вработените на Институтот за хемија на присутните им покажуваат колку науката може да биде фасцинантна и, пред сè, видлива. А дека учениците имаат интерес за наука покажува и редовно преполниот амфитеатар на Институтот при ПМФ.

Хемиските спектакли ги организираат Групите на среќни и не толку среќни хемичари на Институтот за хемија, со поддршка на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, Институтот за хемија и ПМФ при УКИМ.

Сподели