„Уметноста како насушна потреба“ – средба со Ана Стојаноска во „Иванов школа за лидери – Алумни асоцијација“

„Иванов школа за лидери – Алумни асоцијација“ (ISLAA) организира средба со Ана Стојаноска, театролог, писател, редовен професор на Факултетот за драмски уметности, на 9 декември (вторник) во 19 часот во „Џевахир мол“ во Скопје. Средбата е насловена „Уметноста како насушна потреба“ (За книгите, театарот, музиката и филмот во процесот на градење современ лидер).

– Подгответе се за вечер во која уметноста не е само тема, туку сцена, доживување, патување.  Вечер во која прашањето „да се биде“ ќе го почувствуваме во секој здив, секој разговор, секоја мисла што ќе нè допре. Ова ќе биде креативна, смела и длабока ноќ. Ноќ во која ќе го преиспитаме лидерството преку четирите најсилни учители што човештвото ги има:
книгите, театарот, музиката и филмот. За прв пат со нас ќе биде Ана Стојаноска, жена чиј збор тежи, чиј поглед продира и која знае како уметноста ги обликува лидерите на иднината. Ќе зборуваме, ќе слушаме, ќе чувствуваме. Ќе се раздвижат идеи. Ќе се создадат нови перспективи. Ќе одиме таму каде што водат само највештите уметници: кон искреност, храброст, длабочина – велат организаторите.

Поради ограничениот простор, резервирајте го вашето место на следниот ЛИНК.

Сподели