Под мотото „Уметност во звук и форма“ во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од Александар Ефтимовски, а концерт ќе одржи пијанистката Огненка Герасимовска-Димитровска. Таа ќе изведе дела од познати композитори.
Герасимовска-Димитровска е професорка во Музичко-балетскиот училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Дипломирала и магистрирала во Скопје, а докторирала во Нирнберг.
Александар Ефтимовски (Скопје, 1988) дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Фиренца за скулптура и визуелна уметност. Магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Карара и во својата работа се фокусира на обработка на камен.





