Вргањ со мус од тиква и чипс од костен е само дел од вечерашното мени во рамките на уметничко-гастрономскиот настан закажан во 20 часот во ресторанот „Сино“ во Кавадарци. Со мотото „Вкуси ја уметноста“ („Taste the Art“), уметникот Игор Јосифов и шефот Марко Матиев ќе се обидат да покажат дека подготвувањето и сервирањето на храна е вистинска уметност. Тоа што ќе го подготви Матиев ќе биде сервирано во керамичките уметнички чинии што ги изработува Јосифов.

Посебен шмек на настанот ќе му дадат архивските вина на винаријата „Попов“.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.