Уметницата Маја Кировска ја прими наградата A Design Award што и’ беше врачена во Комо, Италија. Оваа награда Кировска ја доби за делото Skin, во конкуренција на категоријата Fine Arts and Art Installation Design за периодот 2023-2024.
Оваа престижна награда ја добија уште двајца уметници од Македонија – Гордана Вренцоска, која ја доби наградата „A’ Design Award“ во категоријата „Graphic Design“ и Никола Ефтимов, кој ја освои наградата „A’ Design Award“ во категоријата „Digital Art“.
На конкурсот учествувавме по покана на организаторите на наградата од Италија, кои ја упатија поканата и поддршката за македонските учесници преку македонската амбасада во Рим и Министерството за култура. Јана Манева – Чупоска ги номинираше домашните конкуренти – уметници и дизајнери.
За сите оние кои не можеа лично да присуствуваат на свечената церемонија за да им бидат врачени наградите, организаторот обезбеди испраќање по пошта на добитничките сетови кои вклучуваат трофеј, каталог, сертификат (Certificate of Excellence) и постери.
Цел на организаторите на A’ Design Award & Competition e „да креираат глобална свесност и почит за добриот дизајн со вклучување и промовирање на добриот дизајн низ целиот свет“. Исто така посебно чувството кога ти е оддадена таква почит и признание како на творец кој вложува огромен труд и енергија во своите креации.
По доделувањето на наградите, следеше изложбата на сите наградени дизајнери во MOOD Museum of Design, патувачки музеј кој овој пат се наоѓаше во една од салите на театарот.
Фотографии: A’ Design Award & Competition