Во ликовната галерија од Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево отворена е изложба на Елита Алити посветена на слепите лица, насловена „Стимулирајте ги вашите сетила“. На изложбата сликите мирисаат, ѕвонат и се препознаваат по допир.
– Ако има нешто што не можеме да го замислиме и да го загубиме, тоа се нашите сетила кои се неразделно присутни во нашите животи. Но, ние ретко, речиси никогаш, не размислуваме како за нешто за што треба да бидеме благодарни. Делата од изложбата треба да се слушнат, допрат и мирисаат, така што присутниот ги буди своите сетила повеќе од кога било порано – истакна Алити.
Елита Алити е родена во Куманово во 1995 година, каде завршила основно и средно образование. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во 2018 година, во класата на проф. Јован Шумкоски.