Деновиве е дома, во Македонија, активен на промоција на „Буки“, дигиталната платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик. Тој е пишувач, блогер, истражувач и иноватор, многу активен на социјалните мрежи што е невообичаено за еден научник. Тој е еден од македонските научници што успешно работат во светот, но постојано и постојано се враќа дома. Затоа што е уверен дека може да работи научни истражувања и во Македонија.
Гостин во 11 епизода на „Умен поткаст“ е д-р Никола Стиков, професор на Политехничкиот универзитет во Монтреал, Канада. Тој е првиот Македонец што добил целосна стипендија за студирање на „Стенфорд“, еден од најпрестижните универзитети во светот. Денес, освен што е универзитетски професор, работи научни истражувања на полето на магнетната резонанца. Стиков зборува за годините во скопската гимназија „Корчагин“, за студиите на „Стенфорд“, за предизвиците да се успее во светот, за вештачката интелигенција, за потенцијалот на оваа земја што може да се искористи.
Проследете го инспиративниот муабет на Јутјуб-каналот 101PodcastStudio. И кликнете subscribe.





