Психотерапевтот и психолог Радмила Живановиќ е наша следна гостинка во „Умен поткаст“. Секогаш отворена за разговор на која било важна тема, со неа разговараме овој пат за депресијата и анксиозноста кај младите и како да им помогнеме полесно да ги совладуваат овие состојби. Живановиќ од 2018 година е дел од „Психотерапика“, професионален колектив на европски акредитирани психолози-психотерапевти, тренери и супервизори.
Следете ја премиерата вечерва во 19 часот на јутјуб-каналот на „Умен поткаст“, 101 Studio Podcast.