Сакал да биде филмски режисер, но се вљубил во театарот и таму во изминатите две децении покажува што знае. Филмот остана негова пасија и многу често е инспирација за нови претстави или провејува низ претставите. Синиша Евтимов ги создал можеби најгледаните претстави во македонскиот театар во изминатата деценија. Во моментов е преокупиран со работата врз претставата „12“ чија премиера треба да биде во ноември, а играат 12 реномирани актери од Македонскиот народен театар.
Ова е прва епизода од новата сезона на „Умен поткаст“ во која ви ветуваме интересни гости, приказни, разговори, со кои се надеваме ќе го задржиме вашето внимание во текот на наредните месеци.





