„Улиште“, филмот со три награди на „Санденс“, во киното „Синеплекс“

Косовскиот филм „Улиште“ во кој Македонија е копродуцент се прикажува на репертоарот на киното „Синеплекс“ во Скопје. Станува збор за филм на режисерката Блерта Башоли, копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија, кој освои дури три награди на фестивалот „Санденс“, најголемиот за независен авторски филм во САД. „Улиште“ е победник во категоријата Филм од светот и ги освои главната награда од жирито, од публиката и за најдобра режија.

БЛЕРТА БАШОЛИ: СО „УЛИШТЕ“ САКАМ ГО ОХРАБРАМ СЕКОГО ДА ЈА СЛЕДИ СВОЈАТА ЦЕЛ

„Улиште“ е за жена од Косово чиј сопруг исчезнал во косовската војната и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма. Македонски копродуцент е „Црна мачка продукција“ и продуцентите Кристијан Буровски и Томи Салковски, а беше поддржан од македонската Агенција за филм на конкурсот во 2017 со 3.000.000 денари (околу 50.000 евра).

Главната улога во „Улиште“ ја толкува Јилка Гаши, додека во другите улоги се појавуваат: Чун Лајчи, Кумрије Хоџа, Аурита Агуши, Каона Силејмани, Мал Ное Сафчиу, Адријана Матоши и други, а од македонските актери кои играат во филмот се: Адем Карага, Шкелќим Ислами и Зарије Јонузи Челику.

 

Сподели