УКЛО ги повикува студентите да бидат дел од предизвиците на Алијансата КОЛОРС, во која членува битолскиот универзитет

Универзитетстото студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола објави повик до студентите од прв, втор и трет циклус студии кои се заинтересирани за ангажман во различните предизвици што ги нуди Алијансата на европскиот универзитет КОЛОРС, на која членка стана УКЛО во почетокот на годинава. УКЛО повеќе не настапува сам во домашниот европскиот едукативен простор, туку како дел од европската универзитетска алијансa КОЛОРС. УКЛО е член на Алијансата што е широка рамка на ново работење со многу прогресивни, револyционерни и напредни елементи, ново академско движење на европско, светско и глобално ниво, со добар квалитет.

Од УКЛО велат дека во центарот на КОЛОРС се студентите. Тие се вклучени во градбата, во одлучувачките и предлагачките тела, во сите процеси. Во центарот се корисниците – студенти од прв, втор, трет циклус, алумните и преку сите други активности и целиот наш регион, нашата држава. Студентите влегуваат во организацијата, во телата на Алијансата, претседателот на Универзитетското студентско собрание е кораководител во шестиот пакет.

– Студентите се рамо до рамо, со ректори, претседатели на универзитети, со нас како менаџерски тимови, така што сите студенти ќе имаат корист од сето ова и ќе се постигнува вин-вин ситуација во која сите добиваат. Со КОЛОРС, УКЛО станува повидлив. Тоа исто така значи дека претстои многу работа за тимовите на УКЛО. Бидејќи студентите, како главни корисници на придобивките што произлегуваат од членството на УКЛО во КОЛОРС се и активни чинители во дизајнот, организацијата и спроведувањето на активностите во рамките на Алијансата, УКЛО ги охрабрува и ги поканува сите студенти од и надвор од УКЛО, алумни и пријатели заинтересирани за соработка да ја посетуваат интернет-страницата на универзитот – велат од УКЛО.

Покрај УКЛО, Алијансата ја сочинуваат уште осум универзитети: Универзитетот Јан Длугош Чештостова (Полска), Универзитетот Јосип Јурај Штрастмајер (Осијек, Хрватска), Универзитет Кристијанштад (Шведска), Универзитет Де Кастиле Ламанча (Шпанија), Универзитет Ферара (Италија), Падерборн (Германија), кои се координатори, Универзитет Леман (Франција) и Универзитет за применети науки Вентспилс (Латвија).
Станува збор за универзитети што ќе соработувааат и меѓу себе и со екосистемот на соработници, одржливо, иновативно, во регионите во кои функционираат. Амбицијата на УКЛО како претставник од нашата држава е да го повлече и Западен Балкан, како единствена земја што не е дел од ЕУ, земја кандидат во Европска Унија, во однос на другите партнери.

Сподели