Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје вчера ги додели наградите за најдобрите студенти во академските 2018/2019 и 2019/2020 година. Наградени се најдобро дипломираните студенти во прв циклус студии на секој факултет на Универзитетот. Наградата за најдобро дипломирани студенти е златник со ликот на светите Кирил и Методиј.

Најдобри студенти за академската 2018/2019 година се:

  1. Божидар Стеваноски, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, студиска програма – компјутерски науки и инженерство на наглиски јазик, со средна оценка 10,00.
  2. Виктор Рудан, Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, студиска програма – електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија, со средна оценка 10,00.
  3. Маја Голубова, Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, студиска програма – квалитет и безбедност на храна, со средна оценка 10,00.
  4. Симона Николовска, Економскиот факултет во Скопје, студиска програма – сметководство и ревизија, со средна оценка 10.00.
  5. Викторија Блажеска, Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, студиска програма – германски јазик и книжевност, со средна оценка 10,00.
  6. Драгица Несторска, Природно-математичкиот факултет во Скопје, студиска програма – молекуларна биологија, со средна оценка 10,00.
  7. Тамара Георгиевска, Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, студиска програма – инженерство на материјали и нанотехнологии, со средна оценка 10,00.
  8. Никола Манев, Медицинскиот факултет во Скопје, студиска програма – општа медицина, со средна оценка 10,00.
  9. Марио Игњатовиќ, Фармацевтски факултет во Скопје, студиската програма – фармација, со средна оценка 10,00.
  10. Елена Галевска, Филозофски факултет во Скопје, студиската програма – социјална работа и работна политика, со средна оценка 9,98.
  11. Стефани Младеновска, дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, на студиската програма – правни студии, со средна оценка 9,96.
  12. Васко Чангоски, Машинскиот факултет во Скопје, студиска програма – моторни возила, со средна оценка 9,92 и Дамјан Пециоски, Машински факултет во Скопје, на студиската програма – мехатроника, со средна оценка 9,92.
  13. Андреа Ангеловска, Факултет за ликовни уметности во Скопје, на студиска програма – сликарство, модул: сценографија, со средна оценка 9,94.
  14. Ива Дамјановски, Факултет за музичка уметност во Скопје, студиска програма – пијано, со средна оценка 9,86.
  15. Решат Аметовски, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, на студиската програма – одделенска настава на албански наставен јазик, со средна оценка 9,83.
  16. Катерина Поповска, Факултет за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, студиската програма – физичко и здравствено образование, со средна оценка 9,83.
  17. Деа Пајазити, Факултет за драмски уметности во Скопје, студиска програма – драмски актери со познавање на албански јазик, со средна оценка 9,82.
  18. Муслије Жупани, Градежен факултет во Скопје, студиска програма -геодезија, со средна оценка 9,81.
  19. Христина Мијалчева, Архитектонски факултет во Скопје, студиска програма – интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, со средна оценка 9,70.
  20. Стефан Кузмановски, Стоматолошки факултет во Скопје, студиска програма –дентална медицина, со средна оценка 9,62.
  21. Благој Шурбевски, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг во Скопје, студиска програма – шумарство, со средна оценка 9,60.
  22. Ирена Ѓорѓиева, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје, студиска програма – дизајн на мебел и ентериер, со средна оценка 9,11.

Најдобри студенти во академската 2019/2020

  1. Филип Поповски и Теа Мицевска, Правен факултет „Јустинијан Први” во Скопје, студиска програма – правни студии, со средна оценка 10,00.
  2. Димитар Димески, Филип Марковски и Васко Гичевски, Филозофски факултет во Скопје, студиска програма – историја, со средна оценка 10,00.
  3. Маја Шаревска, Машински факултет во Скопје, студиска програма –термичко инженерство, со средна оценка 10,00.
  4. Теодора Пана, Економски факултет во Скопје, студиска програма – финансиски менаџмент, со средна оценка 10.00.
  5. Ева Богоевска, Факултет за музичка уметност во Скопје, студиска програма – виолина, со средна оценка 10,00.
  6. Методија Буцевски, дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на студиската програма – телекомуникации и информациско инженерство, со средна оценка 10,00.
  7. Ива Димитриевска, Технолошко-металуршки факултет во Скопје, студиска програма – инженерство на материјали и нанотехнологии, со средна оценка 10,00.
  8. Христина Ангелеска, Филолошки факултет „Блаже Конески” во Скопје, студиска програма – македонски јазик и јужнословенски јазици, со средна оценка 9,94.
  9. Анита Близнаковска, Факултет за земјоделски науки и храна во Скопје, студиска програма – квалитет и безбедност на храна, со средна оценка 9,93.
  10. Блерина Зендели, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје, студиска програма – дизајн на мебел и ентериер, со средна оценка 9,92.
  11. Ева Палчевска, Медицински факултет во Скопје, на студиската програма – општа медицина, со средна оценка 9,91.
  12. Елена Стефова, Природно-математички факултет во Скопје, студиска програма – применета хемија, со средна оценка 9,90.
  13. Тамара Иваноска и Хрисанта Гаџо, Фармацевтски факултет во Скопје, студиска програма – фармација, со средна оценка 9,85.
  14. Марија Петрова, Архитектонски факултет во Скопје, студиска програма – интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, со средна оценка 9,85.
  15. Маја Хоскинг, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, студиска програма – одделенска настава на македонски наставен јазик, со средна оценка 9,81.
  16. Марија Кондева, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, студиска програма – физичко и здравствено образование, со средна оценка 9,81.
  17. Ибрахим Батухан, Факултет за драмски уметности во Скопје, студиска програма – филмска и ТВ режија, со средна оценка 9,74.
  18. Јована Добрева, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, студиска програма – информатика и компјутерско инженерство, со средна оценка 9,70.
  19. Емилија Ристова, Градежен факултет во Скопје, студиска програма -градежништво, со средна оценка 9,61.
  20. Ангела Савевска, Факултет за ликовни уметности во Скопје, студиска програма – сликарство, модул: сценографија, со средна оценка 9,48.
  21. Елена Соколевска, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг во Скопје, студиска програма – екоинженеринг и екоменаџмент, со средна оценка 9,46.
  22. Кристина Терпо, Стоматолошки факултет во Скопје, студиска програма –дентална медицина, со средна оценка 9,06.

Беа врачени и наградите „26 јули“ на фондацијата „Франк Хaрдкорд Манинг“ од Лондон, на најдобрите студенти во учебната 2019/2020 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на УКИМ. Студентите добиваат по 9.000 денари.

Оваа награда се доделува на редовни студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00, и кои, заклучно со февруарската испитна сесија, ги завршиле сите обврски предвидени со студиската програма, без презапишување на предмети и кои во летниот семестар ги запишале сите предмети од завршниот семестар.

Економски факултет

Надица Андонова (10.00)

Правен факултет „Јустинијан Први”

Анѓела Ѓошевска (10.00)

Виктор Бучковски (10.00)

Филип Поповски (10.00)

Филозофски факултет

Филип Марковски (10.00)

Славица Мишковска (10.00)

Васко Гичевски (10.00)

Филолошки факултет „Блаже Конески”

Ангела Најденовска (9.95)

Факултет за драмски уметности

Батухан Ибрахим (9.70)

Архитектонски факултет

Ана Јанкуловска (9.49)

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.