Училишта од Чашка и од Куманово на Еразмус проект во Братислава

Претставници од две македонски училишта учествуваа на обуката „Зелени практики во Еразмус+ проекти“ што се се одржа во Братислава, Словачка. Заедно со повеќе од 50 учесници од 21 европска земја работеа и претставници од училиштата „Петар Поп Арсов“ од Општина Чашка и од средното училиште „Гоце Делчев“ од Куманово.

– Настанот се фокусираше на разработка на различни пристапи кон зелена агенда и одржливост, вмрежување помеѓу колеги од европските училишта и споделување добри практики. Целта беше учесниците во континуитет да спроведуваат и реализираат „зелени“ активности и тоа да го пренесат кон учениците во секојдневното нивно работење – велат од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност која го поддржа улеството на нашите училишта.

Сподели