Училиштата во Илинден добија брзи тестови за утврдување ковид-19

Трите основни училишта и средното општинско стручно училиште во населбата Илинден добија брзи тестови за утврдување на ковид-19. Со донацијата на тестовите за брза детекција се овозможува ефикасно спречување на ширење на инфекцијата во училиштата, каде што наставата се одвива со физичко присуство на учениците, велат од општината.

Континуираното следење на состојбата со ковид-19 и брзото дијагностицирање во училиштата е од голема важност, со цел преземање на навремени и соодветни мерки за спречување на ширење на заразата меѓу учениците и вработените во училиштата.

Донацијата ја обезбеди Општината Илинден.

 

Сподели